< Назад

Истрел

Производство: Филмско студио - Скопје; Босна филм - Сараево

Земја на потекло: Република Македонија

Жанр: воен

Род: Игран филм

Времетраење: 98 минути

Тип: Филмска лента

Техника: вајдскрин

Звук: Да

Во боја: во боја

MM: 35

Година: 1972

Содржина: Младоста, чија храброст секогаш е без предрасуди, и во Скопје за време на бугарската окупација во Втората светска војна, сакајќи ја слободата за својот народ, се решава на низа акции, меѓу кои најголема е - атентатот врз бугарскиот полициски началник Емануел Мачков. По пристигнувањето на Емануел во началството, тој на своите агенти им наредува да обрнат големо внимание на младите од Дебар маало, Пајко маало и Чаир. Во меѓувреме, заради безбедно поминување на партизанскиот одред во близината на Скопје, во градот треба да се организираат низа помали акции кои би го свртеле вниманието на полицијата врз себе. Така другарите Дано, Доне, Игор и Боро преземаат акција на аеродромот, при што ги палат авионите. Како реакција, полицијата врши рација, собира само млади луѓе кои се изложуваат на големи мачења. Истовремено, партизанскиот одред при преминувањето на Вардар упаѓа во заседа. Момчињата му помагаат на ранетиот Мите Димов да ја избегне заседата и го пренесуваат кај Анѓа, додека Никола е отсутен. Полицијата ги претресува сите сомнителни куќи и го наоѓа ранетиот партизан во куќата на Никола. По тешки измачувања, без да признае пред полицијата, Мите е убиен. Поради убиството на Мите во градот се растураат летоци, железничарите свират со сирените, се затвораат дуќаните. Месниот комитет решава да се организира атентат врз Емануел. На денот на атентатот момчињата ги заземаат своите места на улицата, пред куќата на Емануел, и по заминувањето на неговиот автомобил, тие го убиваат. По атентатот момчињата мораат да заминат од градот. Меѓутоа, при излегувањето од градот, поставена им е заседа и сите, освен Дано, гинат.

Награди: 1972 ФЈИФ, Пула, Златна арена за снимателска работа на Мишо Самоиловски 1972 ФФ, Ниш, Голема повелба за актерско остварувања на Слободан Димитриевиќ

Автори:


Други улоги:

Ратко Гавриловиќ
Миша Јанкетиќ
Спасе Нелов


Други соработници:

драматуршка обработка -- Душан Зега; Света Лукиќ
диригент -- Корнелие Ковач
помошник режисер -- Душан Зега
музиката ја изведува – „Корни група“
водач на снимање -- Панта Мижимаков
директор на филмот -- Звонко Баковиќ
екипа на филмот -- Саша Маркус; Драган Салковски; Ѓорѓи Василевски; Стево Црвенковски; Зоран Младеновиќ; Александар Затковски

Постер:

Фотографии:

Награди: