Производство: Министерство за култура на Република Македонија, Меџик пикчрс, Чешка телевизија, АГ вижн
Земја на потекло: Република Македонија
Род: Документарен филм
Времетраење: 28 минути
Тип: Дигитална технологија
Техника: стандард
Звук: Да
Во боја: во боја
MM: 0
Година: 2000
Содржина: Музиката е она што ги надминува националните разлики, но музиката е она што го карактеризира секој етникум. Во Македонија живеат разни етникуми со различна култура, вера, традиција… Покажувајќи секвенци од модерниот и традиционалниот живот, режисерот во фонот на сликата ја користи музичката карактеристика на секоја од овие посебности. Како дополнување на сликата и музиката, режисерот користи и делови од поетската книга 'Псалми' на Михаил Ренџов. Авторот на филмот се обидува различноста на живеењето, музиката и традицијата да ги спои во една целина како метафора на животот во Македонија.Во визуелизацијата на оваа концепција, режисерот често користи и филмски трикови.
Автори:
Сценарио -- Братислав Димитров
Директор на фотографија -- Антонин Чундела
Монтажа -- Андреа Пугнерова
Специјални ефекти -- Мишко Ѓорѓевиќ
Музика -- Гарабет Тавитиан, Никола Кокан Димушевски