Производство: „Продукција Сестри и братот Митевски“; Е-Моушн Филм; Силкроуд Продукција, со финансиска помош од Министерството за култура на Република Македонија, Хуберт Балс Фонд при Интернационалниот Филмски фестивал Ротердам, Телевизија Словенија
Земја на потекло: Република Македонија
Жанр: социјална драма
Род: Игран филм
Времетраење: 82 минути
Тип: Филмска лента
Звук: Да
Во боја: во боја
MM: 35
Година: 2004
Содржина: Филмот, преку прикажувањето на раслојувањето на едно македонско семејство од средната класа во Скопје, на почетокот на 21 век, функционира како парабола за ужасите на животот во етнички поделено транзициско општество во време на навестување на етничка војна, во кое владеат лагата, лажниот морал, корупцијата, насилството и грубоста. Филмската приказна се потпира на моделот на антиколонијалната критика и е делумно врамена во рамката на неколку вистински настани од 2001 г. (убиство со бетонски блок на НАТО војник, војната на македонска територија, пренесување на моштите на св. Климент Охридски). Приказната се плете околу судбините на двата главни лика, двајца млади луѓе од Скопје, братот Кокан и сестрата Виола. Додека Кокан е млад бунтовник кој не ги поднесува Американците и НАТО-војниците ги доживува како окупатори, а не помалку е гневен и на странските медиуми и на домашните политичари, Виола е разочарана млада мајка, која мора да ја остави својата ќерка, родена од недозволената врска со американскиот аташе, и да замине на тригодишен престој во САД. Нејзиното враќање дома го означува почетокот на лавината од настани во кои таа влетува, следејќи го бунтовниот Кокан. Кокан, вплеткан во сомнителни активности на шверц на динамит и пари преку косовската граница во Македонија, и гневен на сè, на крајот на филмот става динамит и на свечената поворка со која моштите на светецот се пренесуваат од Охрид во Скопје (патем, моштите на св. Климент беа свечено пренесени од црквата Св. Богородица Перивлептос во обновениот храм Св. Пантелејмон на Плаошник, во Охрид, не во Скопје). Во расплетот на филмската приказна, Кокан, затоа што не ги доставува парите на одреденото место, го убиваат. Виола, во еден миг мора да одлучи дали со себе ќе ја земе торбата со пари на Кокан или својата тригодишна ќерка, и таа се одлучува за животот.
Напишано од д-р Атанас Чупоски
Автори:
Други соработници :
Сценарио -- Метју Бардин
Директор на фотографија -- Алан Маркоен
Монтажа -- Николас Гастер, Роан Сен
Музика -- Оливие Самулиан, Проект Жлуст
Ментор на сценарио -- Џин Самоуилан
Советник за дијалози -- Михајло Митевски
1 Асс. на режија -- Красимир Хасарбанов
1 Асс. на режија во подготовки -- Борис Петковиќ
2 Асс. на режија -- Игор Христов
3 Асс. на режија -- Драгана Милошевска
Скрипта -- Алисија Ферро-Вилалба
Кастинг -- Анета Лешниковска
Кастинг Ассистент -- Ирис Тошевска
Консултант за меѓуетнички прашања -- Горан Јанев
1 Асс. на камера/шарфер -- Антон Наков
2 Асс. на камера -- Ненад Бороевиќ
Видео Асс. -- Никифор Пандурски
2 камера -- Алек Белак
ТВ камера -- Ѓорѓи Деспотовски, Дејан Алексовски
Документарна камера -- Ратка Илиевска
Италијанска видео клип камера -- Димитар Попов
Фотограф -- Aura Arslanian
Мајстор на светло -- Vincent Max Fauvelle
Електричар -- Костадин Дончев
Генератор -- Драган Трифуновски
Фар мајстор -- Неделко Георгиев
Фар -- Петар Анев
Асс. на монтажа во Македонија -- Божидар Јовановиќ
Асс. на монтажа Словенија -- Јуриј Москон
Дизајн на звук -- Борис Ромих
Тонски микс -- Bruno Tarriere
Асс. на тон -- Francois Meslin
Тон сниматели -- Борис Ромих, Јозе Тртник, Војче Николовски
Тон мајстор -- Бојан Угриновски, Ален Хаџи-Стефанов
Студио -- Проект Жлуст студио
Арт Директор -- Вук Митевски
Асс. Арт Директор -- Љубиша Камењаров
Сет Дресер -- Горан Костовски
Реквизитер -- Дејан Гошевски, Јане Анѓеловски
Костимограф -- Благоја Мицевски
Асс. костимограф -- Ненад Здеро
Шминка -- Мојца Горогранц
Асс. на шминка -- Ања Клеменшек
Ко-продуценти -- Даниел Хочевар, Setareh Farsi, Behrooz Hashemian
Директор на филм -- Росица Валканова
Менаџер на продукција -- Дејан Павловиќ
Финансии -- Јагода Велковска, Кармен Јернејчиќ
Асс. на продукција-- Данило Мандиќ, Елеонора Дуљанова, Матија Козамерник, Нина Балент, Јуриј Москон, Андреј Штритоф, Јасмина Козар
Вардар Филм -- Дарко Башевски
Наше Маало Продукција -- Иво Антов, Огнен Антов
Видеолаб -- Бане Пејовиќ, Дејан Пејовиќ
Ранер -- Марјан Боцевски
Кетеринг -- Александар Оџаклиевски, Дал мет фу
Превод -- Ines Aparicio, Tore Gronningseter, Искра Новковска, Наташа Караташева
Транспорт Менаџер -- Драги Велковски
Возачи -- Влатко Рафајловски, Коста Иванов, Звонко Ивановски, Томислав Топусовски
Улоги: Judy Harris, Доротеа Огненовска, Jason Cahill, Петар Горко, Васил Михајлов, Тоше Проески, Вера Јанковска, Катерина Шехтанска, Љупчо Бреслиски, Иван Граматиков, Поп Панкова Марина, Мирче Нешовски, Душица Нешовски, Доротеј Нешовски, Тимотеј Несовски, Владимир Милошевски, Ристо Гусиќ, Никола Фечковски, Станиша Тодоровски, Блаженка Мајсторовиќ, Слаџана Мајсторовиќ, Трајко Николовски, Гораст Цветковски, Владимир Велковски, Рубин Меновски, Никола Бобчваров, Даниел Ристевски, Андриана Бошковска, Александра Пешевска, Јасмина Василева, Никола Пројчевски, Дејан Ѓошевски, Сречо Папиќ, Јово Брамс, Горан Јанев, Џијан Емин
Постер:

Фотографии: