< Назад

Тајната книга

Производство: КТВ Медиа, Enoh, Synchro Film&Video

Земја на потекло: Република Македонија, Франција, Бугарија

Жанр: авантура

Род: Игран филм

Времетраење: 93 минути

Тип: Филмска лента

Звук: Да

Во боја: во боја

MM: 35

Година: 2006

Содржина: „Тајната книга“ е „патувачки“ (road movie) филм, филм на потрагата, но, иако станува збор за потрага по книга, не се работи за потрага по материјален предмет, туку за духовна потрага по длабокоперципирачка свесност, таинствена потрага по вистината. Во „Тајната книга“ метафорично е раскажана приказната за вечната потрага на посветените луѓе по „тајната книга“, која, како што заклучуваат протагонистите на крајот на филмот, може да се пронајде единствено во сопственото срце. Низ испрекршена, фрагментарна, постмодернистичка нарација, која се карактеризира со своевидна полижанровска хибридизација, (псевдо)цитатност и одвреме-навреме –пародизираност, раскажана е приказната што се простира во две различни времиња што се исчитуваат едното преку другото: балканскиот (македонскиот) и европскиот (францускиот) Среден век, преку референците за тајните учења на богомилите, манихејците и катарите; и балканскиот (македонскиот) и европскиот (францускиот) 21 (и 20) век, преку алузиите на балканската и светската геополитика, односно инсталирањето на меѓународните воени мисии на Балканот и улогата на САД и Европа во креирањето на политиките во светот и на Балканот. Овој модел, освен што функционира како своевидна пост-колонијална критичка матрица, истовремено дејствува и како мост кој укажува на тоа дека вредностите, во случајов тајните, забранетите учења, и во двата топоси (Македонија и Франција) и во двете времиња (Средниот век и сегашноста) неизбежно се проникнуваат. Преку техниките на огледување на субјектот во Другиот, со постојано вметнување на бројни реминисценции и соништа што понекогаш функционираат како мини-есеи, раскажана е приказната за Французинот Шевалие, кој, следејќи ги трагите на „Тајната книга на богомилите“, но и на француските катари, доаѓа во Македонија. Инструиран од неговиот ментор (физички и духовен татко) Пјер Рајмон, Шевалие се запознава со повеќе ликови кои го водат до многу значајни точки на мапата на скриената, тајна историја на Македонија и на богомилите, за на крајот да стигне до самиот себе, а потоа, на крајот на својот пат, како што им било својствено на приврзениците на тајните учења, своето акумулирано тајно знаење посредно да му го пренесе и на неговиот син и наследник во духовната потрага по вистината. Филмската нарација, која на места заличува на пародизирана стрип-нарација, вклучува и повеќе цитирани ликови (Лидија од Македонија, св. апостол Павле, Дон Кихот и Санчо Панса), а како лајт-мотив на целиот филм, согласно дуалистичката доктрина на богомилите (и на катарите и манихејците), немо се јавува ликот на Непознатиот, т.е. ѓаволот, што, повторно согласно богомилското учење, сугерира дека овој свет е негово дело и дека тој овде е постојано присутен. Сепак, крајот на филмот ја напушта оваа матрица и Непознатиот останува вчудоневиден од сознанието што го слуша, дека „праведниците не умираат!“, а високиот горен ракурс на последниот кадар, снимен од птичја перспектива, сугерира дека сè што се случува на земјата, постои некој на небото што го набљудува.

Напишано од д-р Атанас Чупоски

Автори:


Други соработници :
Улоги: Jean-Claude Carriere, Thierry Fremont, Илија Плевнеш, Елена Трајковска, Јохана Николова, Мими Таневска
Директор на фотографија -- Тери Арбогаст
Монтажа -- Клаус Хундбихлер
Музика -- Џиван Гасперијан
Костимограф -- Благоја Мицевски
Продуцент -- Димитар Николов
Тон -- Небојша Вукадиновиќ, Валентин Кирилов (Бугарија)
Фар мајстор -- Сеад Бухорац
Маска -- Џинет Арбогаст
Директор на филм -- Анета Лешниковска, Слободан Леман
Извршен продуцент -- Дарко Башевски, Љубе Цветановски, Панче Мижимаков, Христиан Ночев (Бугарија), Валентин Драгнев (Бугарија), Пиерре Маргот (Франција)
Координатор на продукција -- Силвана Милиќ, Благица Јандревска
Секретар на продукција -- Даниела Трајкова, Мира Никчевска
Главен организатор -- Гоце Саздановски
Организатори -- Ѓорѓи Ѓорѓиевски - Џокер, Димче Ефтевски, Иван Кирилов (Бугарија), Летиција Ламберт (Франција)
Асс. организатор -- Христо Кировски, Весна Гическа, Ирис Тошевска, Ирена Давиткова, Никифор Пандурски, Бурјан Чомполов (Бугарија), Марија Лекакис (Франција), Марион (Франција)
Финансии -- Јагода Велковска
Книговодител -- Љубица Патраклиева
Благајник -- Јагода Костадиновска
1 асс. на режија -- Слободан Леман
2 асс. на режија -- Дејан Пројковски, Зоран Младеновиќ
Асистенти -- Константин Плевнеш, Гоце Цветановски
Скриптер -- Раша Јованчичевиќ
Камера оператор -- Светомир Пајиќ - Киви
2 камера оператор -- Антон Бакарски (Бугарија)
Шарфер -- Сретен Паковски, Дејан Димевски, Ѓорѓи Димитров (Бугарија), Софи (Франција)
Полнач -- Ненад Боројевиќ, Иво Пејчев (Бугарија)
Клапер -- Марина Колоска, Недко Иванов (Бугарија)
Асс. на тон -- Зоран Продановиќ, Валентин Орлов (Бугарија), Анѓеле Кузмановски, Ѓорѓи Владички (Бугарија)
Асс. на монтажа -- Благоја Неделковски, Станислав Ѓорѓиев (Бугарија)
Асс. сценограф -- Владо Ѓорески, Перо Трајчевски Тодор Рајков (Бугарија)
Реквизита -- Зоран Петровиќ- Цртани, Јуриј Стојанов (Бугарија), Јулијана Николовска, Драган Спасески
Организатори на сцена -- Анче Павловски, Диме Стојановски
Сликар -- Горан Спасевски
Конструктор -- Милан Младеновиќ, Тодор Миланов (Бугарија)
Мајстор на сцена -- Диме Стојановски
Ранер -- Николај Аспарухов (Бугарија)
Пиротехничар -- Ѓорѓиевски Ѓорѓи
Асс. костимограф -- Жаклина Крстевска
Гардеробери -- Ненад Ждеро, Ружа Велковска, Ирина Ристевска
Шивач -- Миле Стојковски
Шминка -- Станислава Зариќ, Радмила Тодоровиќ
Асс. на шминка Атанаска Монова (Бугарија)
Асс. на шминка -- Милосав Крстевски - Ага, Тодор Костов
Осветлител -- Марјан Спасовски, Драган Јачев - Црни, Драган Адамович, Филип Пенев (Бугарија), Иванко Генчев (Бугарија), Људмил Димитров (Бугарија), Емануел (Франција), Пхилип (Франција)
Агрегат -- Иво Матевски, Ѓорѓи Панајотов (Бугарија)
Фар мајстор -- Сеад Бухорац, Недко Иванов (Бугарија), Емануел (Франција)
Асс. фар мајстор -- Ненад Васиќ, Кристоф Пиер (Франција)
Сценски работници -- Крагуљ Лука, Миленко Кнежевиќ, Добросав Миленковиќ, Димитар Николов (Бугарија)
Шеф на сцена -- Цане Стојковски
Диспечер -- Никола Трпезановски
Координатор на возен парк -- Љубомир Симоновски
Возачи -- Драги Велковски, Илија Брдароски, Благоја Митревски, Томе Тодоровски, Бернард Ивановски, Тони Василевски, Гоце Стојановски, Јоце Силјановски, Наум Ачевски, Гоце Лисичков, Никола Нешевски, Милојко Мирчевски, Бранко Петковски, Ерол Шабановски, Блашко Ѓорѓевски, Александар Мирчевски, Зоран Каранфиловски, Никола Здравковски, Саше Јаневски, Миле Симоновиќ, Дејан Јаневски, Доброслав Миленковиќ, Тони Денковски, Зоран Жиковски, Зоран Симоновски, Ѓорѓи Гешовски, Ѓорѓи Здравковски, Стојан Политов (Бугарија), Мишо (Бугарија), Кристоф (Франција)

Со поддршка на Министерството за култура на Република Македонија, со учество на Меѓународната агенција за франкофонија – Париз и техничка поддршка на Вардар филм, МРТВ, Armada, Louise Production.

Фотографии: