< Назад

Балканкан

Производство: „Партизанс“, Верадиа Филм и Минерва

Земја на потекло: Република Македонија, Италија

Род: Игран филм

Времетраење: 86 минути

Тип: Филмска лента

Звук: Да

Во боја: во боја

MM: 35

Година: 2004

Содржина: „Балканкан“ е алегорична „патувачка“ (“road movie”) трагикомедија, и истовремено филм на „потрагата“ (“quest“), низ кој, преку хумористична, постмодернистичка нарација преполна со интертекстуални референци на стварноста или на текстови на културата, како и со цитати на реплики од повеќе филмски дела, се раскажува приказната за балканските држави и народи во 21 век, по распадот на Југославија и завршувањето на новите Балкански војни, во време на ерозија на моралот и етичките вредности и губење на многу човечки достоинства. Приказната во голем дел е раскажана во оф-тон, во вид на сеќавање, реминисценција на загинатиот Италијанец Сантино, кој заедно со неговиот побратим, Македонецот Трендафил, е главен лик во оваа сторија, која почнува во мртвечница каде што се наоѓа трупот на Сантино, а потоа преку Италија, Македонија, Бугарија, Грција, Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина и Косово, повторно да втаса онаку каде што почнала – во Македонија. Приказната се плете околу потрагата по тепихот во кој Трендафил ја завиткува умрената тешта – баба Зумбула. Трагајќи по тепихот, Трендафил и Сантино ќе ги посетат споменатите држави и ќе се соочат со претставници на криминалното подземје на сите нив: шверцери, дилери на дрога, трговци со оружје, трговци со детски органи итн., при што дополнително до израз ќе дојдат и негативните карактеристики на сите народи со кои се среќаваат: Македонци, Бугари, Грци, Срби, Црногорци, Хрвати, Бошњаци, Албанци и Романци. Епилогот на филмот добива една сериозна нишка која завршува со крвав расплет и многу мртви, но, следејќи ја ироничната нарација, филмот сепак завршува со хепиенд, во кој антихеројот Трендафил излегува како победник и добитник во целата ситуација.

Напишано од д-р Атанас Чупоски

Награди:
2005 XXVII Московски Интернационален Филмски Фестивал, Специјална награда од филмските критичари на Русија
2005 7-ми Мотовун Филмски Фестивал, награда „Од А до А“ за најдобар филм во регионот

Автори:


Други соработници :
Монтажа -- Џакобе Гамберини
Продуценти -- Алесандро Вердеки, Џанлука Курти, Карло Дуси
Извршен продуцент -- Лорис Курчи
Менаџер на екипа -- Зоран Ристески
Шминка -- Сандра Иватовиќ
Фар мајстор -- Ненад Васиќ
Специјални ефекти -- М`барек Жамал
Водач на снимање -- Томе Моловски
Менаџер на локација -- Роберт Јазаџиски
Мајстор на тон -- Ненад Вукадиновиќ
Миксер -- Клаудио Тосели
1 асс. на режија -- Милан Булатовиќ
Камери, сценска и светлосна опрема -- PANTER, Минхен
Пост-продукција -- TECNO FILM, Рим
Лабораторија -- AUGUSTUS COLOR, Рим

Улоги: Лазар Ристовски, Бранко Ѓуриќ, Јелисавета Саблиќ, Петар Божовиќ, Миодраг Кривокапиќ, Васко Тодоров, Бранко Огњановски, Димитар Станковски, Начи Шабан, Луран Ахмети, Вероника Заковска, Ацо Дуковски, Горан Илиќ

Постер:

Фотографии: