< Назад

Илузија

Земја на потекло: Република Македонија

Род: Игран филм

Времетраење: 103 минути

Тип: Филмска лента

Звук: Да

Во боја: во боја

MM: 35

Година: 2004

Содржина: Приказната во филмот „Илузија“ се плете околу осаменото момче Марко, кој е централен лик на филмската сторија. Всушност, преку примерот на Марко, филмската приказна зборува за тоа како ужасната средина или т.н. „ѓериз“, т.е. „ѓубрето“, влијае на поединците, па така Марко од сосема мирно момче се трансформира во разбојник и убиец.
Марко живее со родителите, таткото стечаец и пијаница Лазо и депресивната мајка, домаќинка Анѓа, и со сестра му, промискуитетната и нервозна тинејџерка Фани. На училиште Марко е малтретиран и тепан од група деца тепачи, предводена од Јовица Леви, син на градскиот началник на полицијата. Заради неговиот поетски талент, наставникот по македонски јазик и литература полага големи надежи во него, а Марко се надева дека преку својот талент ќе успее да го напушти градот Велес во кој не се чувствува убаво. Прво си измислува имагинарен пријател, посетител од вселената, а потоа стекнува и реален пријател, младиот криминалец со прекар Париз, кој го учи да краде, да пука од пиштол и да биде храбар, но, на крајот го изневерува пријателството затоа што не го зема Марко со себе во белиот свет. Марко, за да се одбрани од тепачите што постојано го малтретираат, принуден е да стане како нив, па така, од добро и мирно момче заинтересирано за книжевност, почнува да пие и да пуши, да препродава шверцувани цигари, да краде, што го води во полиција. За да покаже дека е припадник на групата, учествува во палењето на дневниците во училиштето, при што за малку и самиот ќе изгори, но подоцна, и по цена да биде избркан од училиште, не ги издава соучесниците, меѓу кои главен организатор е синот на полицискиот началник – Јовица Леви. Со пиштолот што го одзема од Леви, Марко му влева страв и нему, но и на својот татко Лазо. Сепак, кулминативна точка во филмската приказна воедно претставува и нејзин расплет, кога избрканиот од училиште Марко, за време на училишната приредба на која тој требаше да чита своја песна, разочаран од односот на наставникот по македонски јазик, за кого смета дека требало да го заштити и да ги открие вистинските иницијатори на случајот со палењето на дневниците, го застрелува.

Напишано од д-р Атанас Чупоски

Награди: 2005 Anchorage International Film Festival, најдобар игран филм

Автори:


Други соработници :
Сценарио -- Грејс Леа Троје
Музика -- Bei the Fish
Кастинг директор -- Никола Хејко
Директор на филм -- Емил Костовски
Менаџер на екипа -- Зоран Ристески
2 ас. на режија -- Киријана Николоска
3 ас. на режија -- Маја Младеновска
Асс. на сценографија -- Ричард Милошевски
Реквизита -- Зоран Петровиќ
Дизајн на звук -- Атанас Георгиев
Миксер и тон снимател -- Алекс Колер
Миксер -- Александар Симеонов
Специјални ефекти -- М`Барек Жамал, Бојан Тикваровски

Улоги: Никола Ѓуричко, Дејан Аќимовиќ, Мартин Јовчевски, Славица Манаскова, Елена Мошевска

Постер:

Фотографии: