Производство: Магично око
Земја на потекло: Македонија
Жанр: играно-документарен
Род: Документарен филм
Времетраење: 30 минути
Тип: Дигитална технологија
Звук: Да
Во боја: во боја
MM:
Година: 2009
Содржина: Во овој играно-документарен филм се прикажува животот на едно албанско семејство кое постојано живее во страв од крвна одмазда. Главен лик и условно кажано, херој во овој филм, е самохраната мајка која постојано работи, за да ги издржува своите деца. Тие се принудени да седат изолирани во четири sида. Со повеќе крупни планови на лицето на мајката, доловен е психолошкиот притисок и немир што таа го носи во себе. Меѓутоа, по низа случајни околности, доаѓа до помирување на закрвавените семејства. Една од главните причина е даруваната крв на мајката, за детето на закрвавеното семејство.
Автори:
Други соработници:
настапуваат -- Улка Мујо, Албана Аголи, Зеф Никола, Енвер Хусеини, Ендуена Печи, Таулант Бечај, Кристи Касадај, Сабиана Ликани
светло -- Фатмир Реџепи
шминка -- Едмонд Лако
графика -- Ѓерѓи Пано
избор на музика -- Ермал Барди
ликовен уметник -- Аднан Кастрати
глас -- Илир Адили
уметнички доректор -- Ули Пепо
Посебна благодарност: Лоренц Лука, Павлин Радовани, Садете Патарику, Тахир Млаја, Шпреса Ликани.
Филмот е финансиран од средства на Агенција за филм на Република Македонија