Производство: Наше Маало Продукција
Земја на потекло: Македонија
Жанр: репортажа
Род: Документарен филм
Времетраење: 28 минути
Тип: Дигитална технологија
Звук: Да
Во боја: во боја
MM:
Година: 2013
Содржина: Филм за семејството Богданоски од Велес, единствените изработувачи на виолини во Македонија.
Родителите на Костадин, Марија и Светозар го забележале вонсерискиот тален за свирење на виолина на својот син од најрана возраст. Светозар, по вокација сликар, за да му овозможи на своето дете добар инструмент, почнал самиот да изработува виолини. Како синот напредувал во свирењето, така таткото се усовршувал во изработката на виолини. По некое време му се придружила и неговата сопруга Марија, која работела како професорка по виолина. А по краток период се приклучува и неговата колешка Татјана Мишева. Овие креативни и музички образовани луѓе нижат успеси во светски рамки. Констадин е познат и успешен виолинист во оперската куќа Лисеу во Барселона. Тој свири на виолина изработена од татко му. Светозар иако самоук мајстор, освојува престижни меѓународни награди за своите виолини со врвен квалитет. Тој е во постојана потрага да направи виолина со уште подобар звук од претходната.
Напишано од Лидија Кировска
Автори:
Со љубезно учество на: Светозар Богданоски, Марија Богданоска, Костадин Богданоски, Татјана Мишева
На виолина: Костадин Богданоски