Производство: Дрим Фектори
Земја на потекло: Р. Македонија
Род: Документарен филм
Времетраење: 30 минути
Тип: Дигитална технологија
Звук: Да
Во боја: во боја
MM:
Година: 2010
Содржина: Приказна за шнајдерките во малиот град Штип во Македонија. Шнајдерките во Македонија се како Пепелашка во глобализираниот свет. Tекстилната индустрија во овој град е во процут. Шнајдерките на работното место работат со лојални клиенти како Бенетон, Версаче, Х & M, тие го прават тоа подобро и од кинеската конкуренција. Една шнајдерка мора да шие 120 кошули дневно. Ако таа сака да купи една од кошулите кои ги шие во Бенетон, таа ќе мора да работи напорно цел месец. Постои целосна вработеност кај жените од Штип, но мажите се невработени. Во „Шнајдерките“ се покажува женскиот поглед кон последиците од глобализацијата во една земја која се уште нема „нови мажи“.
Напишано од Арсим Лескковица
Автори:
Други соработници:
учествуваат -- Ериела Митрева, Весна Здравковска, Коле Партаклиски, Сузана Стојанова
музика -- Роберт Рабеналт