< Назад

Марковиќ Афродита

Биографија: (Охрид, 1945 - Скопје, 29.09.2016) Филмски работник - аниматор. Дипломира на Градежно-архитектонскиот факултет во Скопје. Краток период работи како професор по математика и нацртна геометрија во гимназијата „Јосип Броз Тито“ во Скопје, а потоа како архитект за внатрешно уредување во фабриката за мебел „Треска“. Од 1975 година професионално работи во продуцентската куќа Вардар филм. Од 1989 до 1995 година живее во Лондон каде работи во областа на филмот. Од 1995 година е раководител и продуцент во Студиото на анимирани филмови на Вардар филм. Во 1999 година е именувана за в.д. директор на продуцентската куќа Вардар филм. Член е на Друштвото на филмските работници на Македонија, како и на Асоцијацијата на професионални филмски работници на Велика Британија со седиште во Лондон. Живее и работи во Скопје.


Награди: 1987 ФЈДКФ, Белград, Златен медал - Београд за најдобар анимиран филм / „Апартман“ 1987 ФФ, Титоград, Гран - при / „Апартман“ 1987 ЈУ АСИФА за најдобар дебитантски анимиран филм / „Апартман“

Филмографија:

1976: Стоп ( Соработник, )
1977: Адам (5 до 12) ( Соработник, )
1977: Стрелби ( Соработник, )
1978: Буквар за писмени ( Соработник, )
1978: Успех ( Соработник, )
1979: Циркус ( Соработник, )
1979: Последниот прозорец ( Соработник, )
1980: Рака ( Соработник, )
1983: Пецко - еден ден живот ( Соработник, )
1983: Пецко - нафтен дериват ( Соработник, )
1985: Пецко - дрвце ( Аниматор, )
1985: Пецко - слика ( Аниматор, )
1985: Ангроинженеринг ( Соработник, )
1986: Блабатори ( Соработник, )
1986: Напред - назад ( Соработник, )
1986: Филм од хартија ( Соработник, )
1987: Апартман ( Режија, Аниматор, Сценарио, )
1988: (Нај)тешкото ( Режија, Аниматор, )
2000: Хофманова 13 ( Продуцент, )
2000: Излез (Exit) ( Продуцент, )