Биографија: (Скопје, 27.11.1947 - Скопје, 16.07.2010) Карикатурист, филмски режисер, сценарист и сценограф, аниматор, илустратор и дизајнер. Во 1974 година дипломира на Архитектонскиот факултет во Скопје. Негова прва карикатура е објавена во 1961 година, а потоа до 1973 интензивно објавува карикатури во земјава и во странство и учествува на бројни конкурси, изложби и фестивали. Од 1975 до1984 работи во продуцентската куќа Вардар филм - Скопје во студиото за анимиран филм. Во 1977 година го создава својот прв анимиран филм. Од 1985 започнува да работи и на графички дизајн. Објавил две книги карикатури „Зошто не“ и монографијата „Делчо Михајлов“. Член е на ДФРМ, а во периодот 1994/96 е и негов претседател. Од 1995 е директор на Интернационалниот фестивал на филмска камера во Битола. Иницијатор и организатор на Првата самостојна ретроспектива на македонската анимација, во рамките на Светскиот фестивал на анимирани филмови во Загреб, 1995. Еден е од иницијаторите и основачите за приемот на македонската аниматори во Меѓународната аниматорска асоцијација АСИФА. Учествувал на голем број изложби на карикатура, како и на филмски фестивали на краткометражни филмови. Добитник е на повеќе награди и признанија од областа на карикатурата. Во 1994 година ја доби Наградата 11 Октомври, по повод 30 години творечка дејност на полето на карикатурата. Живее и работи како самостоен уметник во Скопје.
Награди: 1979 ФФ, Бордигера, специјална награда /„Хомо екраникус“
Филмографија:
1977:
Хомо екраникус
(
Режија,
Аниматор,
Сценарио,
)
1977:
Стрелби
(
Соработник,
)
1978:
Успех
(
Режија,
Аниматор,
Сценарио,
)
1980:
Хомо догматикус
(
Режија,
)
1982:
Афирмација
(
Режија,
Аниматор,
Сценарио,
)
1982:
Љубовна приказна
(
Режија,
Сценарио,
)
1995:
Крај
(
Режија,
Сценарио,
)