Биографија: (Кичево, 26.01.1959 - ) Македонски ликовен уметник и филмски режисер. Ликовна академија завршува во Скопје. Неговата оригинална уметничка работа е на полето на сликарството и концептуалната уметност. Повремено работи и изложува во Германија. Познат е по постмодернистичкиот и, често, провокативен пристап во своето творештво. Користи колажен метод на компонирање зачинет со иронија, критички осврнувајќи се кон настаните во стварноста.
Првиот арт-видеоспот БЛИЗИНА го прави во 1987 г. Во 1991 г. го направи видеофилмот КОКИНО. Во 1993/94 година, заедно со Жанета Вангели го режира видеофилмот NIGHTARS (НОЌНИК), во германска продукција.
Филмографија:
1998:
Маклабас
(
Режија,
Сценарио,
)
2002:
Сликарот
(
Режија,
Сценарио,
)