< Назад

Андреева Емилија

Биографија: (Прилеп, 18.07.1955) Македонска театарска, филмска и телевизиска актерка. Дипломирала на Вишата музичка школа во Скопје, на отсекот за драмски глумци, во 1977 година. Вработена е во Македонскиот народен театар од 1979 година. Добитник е на неколку награди на МТФ „Војдан Чернодрински“ во Прилеп.

Филмографија:

1977: Исправи се, Делфина ( Споредна улога, )
1980: Оловна бригада ( Споредна улога, )
1980: Време, води ( Споредна улога, )