< Назад

Петковски Миле

Биографија: (Скопје, 26.12.1952 - ) Филмски и ТВ монтажер. Дипломирал на Факултетот за Драмски Уметности во Белград на отсекот за Филмска и ТВ монтажа во 1991 година. Работел како филмски и тонски монтажер во Телевизија Скопје, денешна Македонска Телевизија и во „Вардар филм“. Во 2011 година магистрирал на Универзитетот ,,Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, на Институтот за Македонска литература, на тема „Македонските обичаи во периодот на некрстените денови“. Како продуцент во сопственото студио „ВС Петковски“, основано во 2000 година, работел на повеќе проекти.

Филмографија:

1998: In Continuo ( Монтажа, )
2003: Автокефалноста на Македонската Православна Црква ( Режија, Продуцент, Монтажа, )
2015: Мишо Нетков - 40 години документарно творештво ( Монтажа, )
2019: Писмото ми го донесе шампионот ( Продуцент, )
2022: Фениксот од Кавадарци ( Продуцент, Монтажа, )
2024: Црвени рози ( Монтажа, )