< Назад

Маркус Александар - Саша

Биографија: (Скопје, 1926 - Скопје, 1988) Александар-Саша Маркус беше драмски актер, преведувач, новинар и режисер. Завршил Висока филмска школа - отсек глума во Белград, во 1953 година. Режираше во Битола, Куманово, Ниш, Скопје - во Театарот на народностите и на Детската сцена на Младинскиот театар (подоцна Драмски театар), Струмица, Велес и Штип. Повремено пишуваше критички осврти, рецензии и друг вид написи за театарската и филмската уметност. Саша Маркус е еден од оснивачите на Академскиот кино клуб во Скопје.

Филмови: 1971 ЖЕД, секретар на режија, игран, Филмско студио Скопје, Македонија филм 1972 ИСТРЕЛ, член на екипа, игран, Филмско студио Скопје, Босна филм Сараево 1976 НАЈДОЛГИОТ ПАТ, секретар на режија, игран, Вардар филм, Македонија филм

Филмографија:

1953: Кој е крив? ( Асистент на режија, )
1953: Пожар ( Сценарио, )
1953: Европа ( Режија, Сценарио, )
1954: Македонски тутун II ( Асистент на режија, )
1955: Хигиенско-техничка заштита ( Режија, Сценарио, )
1967: Мементо ( Асистент на режија, )
1969: Време без војна ( Асистент на режија, )