< Назад

Аида

Земја на потекло: Република Македонија

Жанр: Драма

Род: Краток игран филм

Времетраење: 20.34 минути

Тип: Дигитална технологија

Звук: Да

Во боја: во боја

MM:

Година: 2018

Содржина: Приказна за Арбон, тинејџер, кој се вљубува во убавата Аида.
Арбон за време на училишниот распуст работи кај татко му во вулканизерска работилница. Во нивното соседство доаѓа Аида. Таа работи како продавачка во продавницата, веднаш наспроти вулканизерот. Арбон секоја прилика ја користи да оди до продавничката, да раситни пари или да купи цигари за татко му. Тој е љубоморен на пекарот кој доаѓа секое утро и врши достава на леб и подолго се задржува внатре флертувајќи со Аида.
Една ноќ, Арбон го забележува татка си како излегува надвор. Тоа се повторува секоја ноќ. Арбон се сомнева дека татко му оди да се гледа со Аида. Кога го прашува каде оди, татко му вели дека е тајна која ќе му ја довери за доброто на бизнисот. Имено татко му излегува ноќе и фрла шајки по улицата за да имаат повеќе работа. Повеќе дупнати гуми повеќе пари. На Арбон му доаѓа идеја и тој да фрла шајки на улицата каде работи Аида. Целта му беше да ги дупне гумите на пекарот. Неговиот план не успева. Место пекарот настрада татко му.

Напишано од Лидија Кировска

Автори:

Продуцент: Абдули Сенад
Директор на филм: Алиу Сабедин
Директор на фотографија: Јанкулоски Роберт
Костимографија: Абдули Шерифе
Монтажа: Дулев Блаже
Сценографија: Бејтула Невзет - Кица
Светло: Јанев Васил
Асистент на режија: Идризи Леотрим

Настапуваат:
Сенад Абдули, Вулнет Кучи, Нејла Абдули, Елмир Сејфулаи, Сами Мустафи, Баким Бакиу

Фотографии: