Биографија: (Приштина, 11.06.1990 - ) Телевизиски и филмски режисер.
Основно и средно училиште завршил во Тетово. Во 2009 година се запишува на Факултетот за драмски уметности на Државниот универзитет во Тетово, насока филмска и ТВ режија. Во 2018 година ги продолжува магистерските студии на Интернационалниот Факултетот „Европа Прима“ во Скопје.
Во 2010 година, на првата година од студиите, го режираше првиот краток филм со наслов „Плетење“, а во 2011 година, и неговиот втор филм, исто така краток, „Еден убав ден“. Во 2012 и 2013 година режира уште два кратки филма: „Репортер“ и „Екскурзија“. Бил ангажиран како прв асистент режисер на двајцата познати режисери од Албанија, Астрит Идризи и Агрон Вула. Во септември 2015 година е ангажиран како режисер/видео миксер во ТВ21 од Скопје. Во јуни 2018 година е назначен за координатор на продукција во ТВ21.
Во 2018-2019 година е ангажиран како асистент по филмска и ТВ монтажа на Факултетот за драмски уметности при Државниот универзитет во Тетово.
Филмографија:
2014:
Елина
(
Асистент снимател,
)
2016:
Глас од Букурешт
(
Режија,
Продуцент,
)
2019:
Бебето
(
Асистент на режија,
)