< Назад

Хај-фај

Производство: Вардар филм - Скопје

Земја на потекло: Република Македонија

Жанр: социјален

Род: Игран филм

Времетраење: 102 минути

Тип: Филмска лента

Техника: вајдскрин

Звук: Да

Во боја: во боја

MM: 35

Година: 1987

Содржина: Преку фрагмент од животот на Борис и неговиот син Матеј, филмот зборува за судирот на генерациите, за создадениот јаз поради идеолошката обоеност која едниот ја има, а другиот не ја поседува или, пак, кај него се манифестира на друг начин, и низ поинаквото однесување во умеењето или неумеењето да се помине животот достојно за едно човечко битие... Политичкиот затвореник Борис, по неколкуте години минати во затвор, се враќа дома. Во станот во кој по разводот со жената живее сам, вселен е неговиот син Матеј. Синот е веќе возрасен човек кој се обидува да заработи и да се афирмира како музичар. Во станот е сместено импровизирано тонско студио. Начинот на кој живее Матеј, неговата врска со девојката Мира, луѓето со кои тој контактира не му се допаѓаат на Борис. Тој смета дека е тоа бесмислен живот, без планови и идеали. За ваквата трансформација на синот тој ја обвинува поранешната сопруга која е успешна во професионалната кариера, но затоа нема авторитет пред синот и единственото што може да го направи е да ја обезбедува неговата материјална егзистенција. Уште еден неочекуван пораз го погодува Борис. Жената со која сака да го помине преостанатиот дел од животот, умира. Според него, сега единственото што може да го направи - е да го „врати“ синот на вистинскиот пат и да му покаже дека човек треба достојно да го минува времето што му е дадено. Борис се обидува да воспостави вистински релации во односите со синот, но не е умешен и тоа не му успева. Временската бариера во заедничкото живеење не се надминува лесно. Она што му преостанува е да воведе суров режим во животот на синот. Ги прекинува сите негови контакти. Го врзува со лисици, а сите потреби и сета комуникација ја презема на себе. Според мислењето на Борис, сè што се случува е лично меѓу нив двајцата. Тој врши и вербална и физичка тортура врз синот, инсистирајќи тој да се согласи дека животот што го водел е залуден. Матеј не се согласува со ставот на таткото, но пасивниот отпор што го покажува го заплашува Борис. Нивните денови минуваат во играње шах и во пречукување на затворскиот дневник што Борис го водел секојдневно и без исклучок во затворот. Најпосле, Борис сепак го ослободува синот. Тие тргнуваат на пат кон родното село на таткото. Минуваат низ напуштени и руинирани села. Такво е и селото на Борис. За првпат Матеј влегува во куќата на своите прадедовци. Ноќ е. Борис талка низ селото, сето во урнатини. Доаѓа и до гробовите на предците. Соочен со пустошот, како да го доживува својот дефинитивен пораз. Се враќа во куќата како човек кој наеднаш го видел сиот свој залуден и со заблуди исполнет живот. Му вели на Матеј дека може да си оди. Матеј не го разбира. Спијат на подот во куќата. Утро е. Матеј, кој рано се разбудил, ја скратил косата и сака да го изненади таткото, покажувајќи му ја белината на неочекувано паднатиот снег. Тогаш, за првпат по многу години, веројатно уште од детството, го нарекува тате. Но, за Борис е предоцна. Неговиот живот завршува таму каде што и започнал. Матеј тешко ја прима вистината за заминувањето на таткото. Времето поминато заедно, и покрај трауматичноста на постапките зад кои се криеше татковата љубов и грижата за синот, не беше залудно. Овојпат, навистина сам, тој беспомошно талка низ селото.

Награди: 1987 ФЈИФ, Пула, Златна арена за режија за Владимир Блажевски 1987 ФЈИФ, Пула, Златна арена за монтажа за Петар Марковиќ 1987 ФЈИФ, Пула, Награда „Кодак“ за фотографијата за Мишо Самоиловски 1987 ФФ, Ниш, Голема повелба за главна машка улога за актерот Фабијан Шоваговиќ 1987 Годишна награда на ревијата Екран за актерско остварување за Данчо Чевревски

Автори:

Директор на филм: Ацевски Стеван - Стевче
Директор на фотографија: Самоиловски Мишо
Сценографија: Лазаревски Никола
Асистент на режија: Поповски Диме
Монтажа на тон: Паковски Глигор
Организатор на снимање: Ѓорѓиевски Ѓорѓи - Џокер, Арсовски Миле
Асистент на костимографија: Крстевска Жаклина
Помошник на режија: Младеновиќ Зоран - Окан

Други улоги:

Пепи Лаковиќ
Ендрју Вилијам Барфилд
Лазар Бараков
Блажо Василев
Ратко Гавриловиќ
Видосава Грубач
Ѓорѓи Шаламанов
Таше Кочевски
Драган Бошевски
Пантелеј Восиљанов
Томи Лејза
Виолета Џамбазова
Блажо Василев
Илија Струмениковски
Љубомир Макеларски


Други соработници:

соработник на сценарио -- Владимир Блажевски
во филмот е користена музика од – „Леб и Сол“
поставка на маски -- Радмила Иватовиќ
маскер -- Санде Петровски
шминкер -- Евдокија Нанчева
асистенти режисери -- Тихомир Бачовски
секретар режисер -- Марија Ѓорѓевиќ
шарфер -- Александар Прошев
асистент снимател -- Сретен Паковски
фотограф -- Душко Јовановски
помошник директор -- Љубица Крстеска
водач на снимање -- Томе Моловски
асистент сценограф -- Миле Младеновиќ
реквизитери -- Бошко Костадиновски; Мирослав Цветковиќ
сценски работници -- Васил Гишев; Димитар Лазаревски; Кемал Демировиќ
асистенти тон сниматели -- Виктор Иванов; Диме Ангеловски
гардеробери -- Цветан Смилевски; Марија Ивановска
осветлители -- Љубомир Јаневски; Александар Спасовски
фар -- Мане Насков

Постер:

Фотографии: