Биографија: (Битола, 27.04.1952 - Канербери, 27.11.2018) Драмски писател, филмски сценарист и преведувач. Во 1974 година дипломира англиски јазик и книжевност на Филолошкиот факултет во Скопје. Во 1979 година магистрира на белградскиот универзитет со тезата „Сценските напатствија како основа на драматургијата на Самјуел Бекет“. Академската година 1979/80 ја минал на научен престој во Манчестер, Велика Британија, проучувајќи ја современата англиска драма. Одреден период работи како асистент по англиска книжевност на Филолошкиот факултет во Скопје. За своите драмски текстови, добитник е на повеќе награди и признанија: за „Диво месо“, на 25-тото Стериино позорје во Нови Сад е награден со Стериина награда за современ драмски текст, највисоко југословенско признание за драмско творештво. За истиот текст ја има добиено и Наградата 11 Октомври. Освен со драма, се занимава и со литературен превод, а автор е и на сценариото за играниот филм ХАЈ-ФАЈ.
Филмографија:
1987:
Хај-фај
(
Сценарио,
)