< Назад

Јад

Производство: Вардар филм - Скопје

Земја на потекло: Република Македонија

Жанр: историски

Род: Игран филм

Времетраење: 119 минути

Тип: Филмска лента

Техника: панавижн

Звук: Да

Во боја: во боја

MM: 35

Година: 1975

Содржина: Крај на XI-от век. Охрид, Византија. Силен духовен отпор на словенското население кон византиската власт и христијанската догма, искажан преку ересот на богомилското движење и автентичната самобитност на народот. Прогони, анатеми, убиства, чуми, несреќи... вител во кој ја следиме судбината на семејството на Аврам, како вековен симбол на човековото опстојување на балканските крстопати. Во селото на Аврам владее епидемија на големи сипаници. Сите болни ги фрлаат во вар. Аврам сè уште нема наследник, а тоа неизмерно го посакува. Ноќе, кога селаните изведуваат во шумата ритуали за изгонување на болестите и кажуваат молитви упатени кон природата, Аврам ја забележува младата и убава Далија со која посакува да има син. Правото на старешина тоа му го дозволува. Во исто време и жената на Аврам упатува паганска молитва кон Сонцето за да ја оплоди нејзината утроба. Се раѓаат два сина. Едниот, Вардан, и неговата мајка Далија се сместени во манастир, а другиот, Гаврил, ја има сета таткова љубов. Момчињата израснуваат и се запознаваат на еден црковен празник, кога Аврам со семејството и селаните доаѓаат во манастирот. Момчињата не знаат за роднинската врска и стануваат пријатели. Заедно одат да ги гонат крадците кои посегнале по стоката на Аврам. На тој пат сретнуваат богомили кои зборуваат за еднаквост и правда меѓу луѓето. Во селото се враќаат со девојката Галија, која во тие несигурни времиња останала без своето семејство. Гаврил се вљубува во неа. Неговата мајка претчувствува зло за синот и не ја одобрува неговата љубов. Во селото се случува помор на новороденчиња. Под обвинение дека се виновни, старите жени ги фрлаат во реката и тие се дават. Тоа значи дека се ослободени од обвинението. Како последна останува мајката на Гаврил. Тој и татко му без милост ја фрлаат во реката. На настанот е присутен и Вардан, кој ја спасува од водата. Тоа што останува жива е доказ за нејзиното вештерство, па затоа синот и мажот ја убиваат каменувајќи ја. Вардан се враќа во манастирот. Ја наоѓа мајка си силувана од пијаните калуѓери. Таа умира. Вардан се одмаздува убивајќи неколкумина калуѓери и палејќи го манастирот. Дури тогаш, од еден ослепен Самуилов војник којшто живее во манастирот, Вардан ја дознава вистината за своето потекло. Потоа тој им се придружува на богомилите кои се гонети од византиските војници. При еден напад тој е заробен и нему му се суди. Во негова заштита застануваат двајца словенски свештеници кои ги осудуваат и односот и лажните проповеди на свештениците, коишто на народот му се обраќаат со туѓ јазик. Поради тоа, владиката ги исклучува од црквата. Гаврил го спасува Вардана. Тој бега низ мочуриштето. Ги слуша зурлите и тапаните кои ја најавуваат свадбата на Гаврил. Тоа е последната ергенска вечер на младоженецот. На веселбата се придружува и Вардан, кој му кажува на Гаврил дека тие се браќа. Само еден од нив може да биде наследник на Аврам. Испиваат чаши со вино. Во едната од нив има отров. Започнува церемонијата на венчавката. Гаврил блед и немоќен стои покрај својата невеста. Наеднаш паѓа мртов. Започнуваат тажачки. Телото завиткано во бел чаршав се положува на клада. Аврам ја пали. Мажите околу огнот играат немо оро. Аврам ја знае причината за смртта на саканиот син. Сака да му се одмазди на другиот. Го наоѓа Вардан, кој - клечејќи до татковите нозе - ја очекува пресудата. Аврам го крева ножот подготвувајќи се да го убие. Но, тоа не се случува, затоа што племето Аврамово мора да се продолжи.

Награди: 1975 ФЈИФ, Пула, Златна арена за снимателска работа на Љубе Петковски 1976 МФФ, Карлови Вари, Специјална награда 1976 МФФ, Карлови Вари, Прва награда за сценографија на Никица Лазаревски

Автори:

Директор на фотографија: Петковски Љубе
Костимографија: Дончева - Танчева Елена
Сценарио: Ценевски Кирил
Сценографија: Лазаревски Никола
Асистент на режија: Младеновиќ Зоран - Окан
Монтажа на тон: Јаневски Јордан
Организатор на снимање: Калиќ Милош, Ѓорѓиевски Ѓорѓи - Џокер
Помошник директор на филм: Ацевски Стеван - Стевче
Асистент тон снимател: Андреевски Варнава - Бакли

Други улоги:

Киро Анчевски
Доброљуб Војиновиќ
Александар Ѓуровски
Ристо Мајсторов
Љубиша Никодиновски
Борис Поплавски


Други соработници:

маскер -- Марија Ласновска
црковна музика - музиколози -- Драгослав Ортаков; Сотир Голабовски
вокални солисти -- Ѓорѓи Божиков; Благоја Николовски; Октет „Галос“
народна музика - музиколог -- Ѓорѓи Георгиев
етнокореолог -- Михајло Димовски
изведувачи на народни игри -- КУД „Орце Николов“; група селани од селата Стенче, Ново Село и Драмче
консултанти -- Бошко Бабиќ; Галаба Паликрушева; Цветан Грозданов; Драган Ташковски
костимер -- Јиржи Шески
изведувач на костими -- Симо Бикиќ
гардеробери -- Иван Иванов; Ана Лихрер; Олга Ровнар
сликар -- Менде Ивановски
асистент сценограф -- Миладин Аранѓеловиќ
изведувачи -- Младен Крстевски; Цветко Цветковски
реквизитери -- Бошко Костадиновски; Владо Крпач
фотограф -- Живко Јаневски
асистенти маскери -- Јан Плазевска; Мирослав Јакубовски
водач на снимање -- Ристо Теофиловски
финансиски раководител -- Љубица Крстевска
помошници режисери -- Драган Петровиќ; Милош Антиќ
асистент режисер -- Драган Терзиќ
волонтери -- Диме Поповски; Миле Гроздановски; Лазо Ѓорѓевиќ
секретар режисер -- Лидија Дебарлиева

Постер:

Фотографии: