Биографија: (Прилеп, 20.12.1915 - Скопје, 18.10.2004) Филмски, театарски и телевизиски актер. Пред војната студира Музичка Академија во Белград. Во 1944 година оди на Вис каде под раководство на Вјекослав Африќ настапува во Театарот на Народното ослободување. По кратко време оди во Москва каде што станува член на уредувачкиот одбор на радио-станицата „Слободна Југославија“. Во 1945 година се враќа во Македонија и се решава за актерска кариера. Првите успеси ги постигнува во Македонскиот народен театар во Скопје. Во 1964 година оди во Загреб каде настапува за Хрватскиот народен театар, а од 1967 ја води катедрата за глума на македонски јазик при Академијата за театар, филм и телевизија. Во Скопје се враќа во 1972 година и продолжува со својата педагошка работа на Факултетот за драмски уметности, а истовремено и со својата актерска кариера. Првата филмска улога ја добива во 1952 година во филмот ФРОСИНА. Актерскиот придонес на Џувалековски на филмот не е ништо помал од театарскиот. Во својата актерска кариера остварува над 60 улоги низ кои ја изразува својата актерска индивидуалност.
Награди:
1977 Сојузна награда АВНОЈ
1983 Републичка награда „11 Октомври“ за животно дело
Филмови:
1955 ЕШАЛОНОТ НА ДОКТОР М (EŠALON DOKTORA M), актер, игран, УФУС
1956 КЛИСУРА, актер, игран, Филмско студио Сараево, Титанус филм-Минхен
1957 ТУЃА ЗЕМЈА (TUĐA ZEMLJA), актер, игран, Босна филм
1957 ЌЕ СЕ ВРАТАМ (VRATIĆU SE), актер, игран, Босна филм Сарајево
1959 КАМПО МАМУЛА, актер, игран, Авала филм Београд
1960 КОТА 905, актер, игран, Јадран филм Загреб
1961 ЗОВРИЕНИОТ ГРАД (UZAVRELI GRAD), актер, игран, Авала филм Београд
1962 КРСТ РАКОЦ, актер, игран, Босна филм Сарајево
1963 ЛИЦЕ В ЛИЦЕ (LICEM U LICE), актер, игран, Јадран филм Загреб
1964 МУГРА (SVANUĆE), актер, игран, Јадран филм Загреб
1965 ЦИРКУС РЕКС, актер, краток игран, Загреб филм Загреб
Филмографија:
1952:
Фросина
(
Главна улога,
)
1955:
Волча ноќ
(
Главна улога,
)
1957:
Малиот човек
(
Главна улога,
)
1958:
Мис Стон
(
Главна улога,
)
1959:
Виза на злото
(
Главна улога,
)
1959:
Дубровски
(
Актер,
)
1961:
Мирно лето
(
Главна улога,
)
1965:
Денови на искушение
(
Главна улога,
)
1967:
Каде по дождот
(
Главна улога,
)
1969:
Републиката во пламен
(
Главна улога,
)
1975:
Јад
(
Споредна улога,
)
1980:
Оловна бригада
(
Главна улога,
)
1981:
Црвениот коњ
(
Главна улога,
)
1982:
Јужна патека
(
Споредна улога,
)