< Назад

Дубровски

Производство: Вардар филм - Скопје; Хеспериа филм - Рома

Земја на потекло: Италија, Република Македонија

Род: Игран филм

Времетраење: 96 минути

Тип: Филмска лента

Техника: стандард

Звук: Да

Во боја: во боја

MM: 35

Година: 1959

Содржина: Дејствието се случува во Русија. Додека Владимир Андреевич Дубровски службува во царската гарда и при тоа достигнува до капетанскиот чин, неговиот стар татко Андреј Гаврилович Дубровски живее на имотот Кристењевка. Имотот на стариот благородник граничи со оној на Кирил Петрович, богат човек со сомнително потекло, кој сакајќи да ја земе Кристењевка фалсификува документи за своето потекло. Така тој му го одзема имотот на стариот Андреј Дубровски кој поради тоа добива срцев напад. Во исто време во селото се враќа неговиот син Влад Дубровски и таткото умира во неговите раце. Повеќето од селаните на стариот господар бегаат од имотот, а ги предводи синот на починатиот господар, кој поради пожарот во кој изгоре семејната куќа е прогласен мртов. Правејќи план како да го врати одземениот имот го грабнува учителот французин кој треба да го подучува синот на Кирил Петрович и лажно претставувајќи се влегува во домот на својот непријател. Додека ја врши улогата на учител Дубровски се запознава и со Пафнутич, сликар, судски калиграф и фалсификатор на документите кои ги чува во неговото атеље. За разлика од својот татко, Маша, ќерката на Кирил Петрович е благородна млада дама која се вљубува во учителот затоа што многу ја потсетува на нејзината љубов од детството, соседот Владимир Дубровски. Откако го состави мозаикот на измамата Дубровски се договара со своите селани како да ги земат доказите и во мешаницата што настанува тој и го открива својот идентитет на Маша. Таа бега заедно со него во збегот каде што наскоро напаѓаат луѓето на нејзиниот татко. Маша е ранета, силите на Кирил Петрович претрпуваат пораз, а селаните кои се ослободени од младиот господар заедно со него и Маша се враќаат на имотот.

Автори:

Директор на филм: Петровски Ацо
Костимографија: Глишиќ Мира
Асистент снимател: Петковски Љубе
Асистент на сценографија: Шумка Диме
Организатор на снимање: Теофиловски Ристо - Риџвеј

режија -- Вилијам Дитерле
сценарио -- Акос Толни, Џино де Сантис, според новелата „Дубровски“ на Александар Сергеевич Пушкин
директор на фотографија -- Алдо Џордани
монтажа -- Роберто Цинкуини

актери -- Џон Форсајт; Росана Скиафино; Пол Далке; Вилијам Дитерле; Мерио Бернарди; Дара Милошевиќ; Јован Јаниќиевиќ; Божидар Дрниќ

музика –- Карло Рустичели
сценографија –- Луиџи Скачианоке
тон –- Луиџи Фури
II асистент на камера -- Мишо Самоиловски; Иван Петровски
асистент на режија –- Ренцо Керато
помошник на режија -- Корадо Софија; Стојан Ќулибрк
организатори на снимање –- Маноло Болоњини; Миша Станковиќ; Ренато Панетуци
продуцент –- Антонио Мусу

Постер:

Фотографии: