< Назад

Шумка Диме

Биографија: (Цер, 11.3.1921 - Скопје, 20.10.1999) Филмски сценограф. Средно образование завршува во Јаши - Романија, а високо во Белград. Академската 1955/56 специјализира филмска сценографија во Чинечита, Италија и во Барандово - Чешка. Од 1944 до 1947 раководи со прогимназијата во село Цер. Од 1947 до 1951 учествува во реализацијата на сите филмови што се снимени во „Ѕвезда филм“ и на Високата филмска школа во Белград, за што во 1949 година е прогласен за најдобар филмски работник. Во продуцентската куќа „Вардар филм“ започнува со работа со снимањето на првиот македонски игран филм ФРОСИНА (1951). Во оваа куќа останува до 1963 година, работејќи како главен сценограф на нејзините филмови. Од 1963 до 1980 година работи во Телевизија Скопје на сите проекти што се однесуваат на сценско, ликовно и естетско обликување како и на сценографските проекти на уметничката играна програма. Добитник е на многу награди и признанија, меѓу кои: Прва награда на филмскиот фестивал во Пула за сценографија на филмовите МИС СТОН (1959) и на СОЛУНСКИТЕ АТЕНТАТОРИ (1962), многу пофалби и признанија за сценографски и ликовно естетски решенија со изведби.


Награди: 1961 ФЈИФ Пула, специјална фестивалска диплома - Прва награда за сценографија / „Солунските атентатори“

Филмови: 1952 ФРОСИНА, изведувач, игран, Вардар филм 1957 БУНТОТ НА КУКЛИТЕ, изведувач на сценографија, краток игран, Вардар филм 1958 МИС СТОН, архитект, игран, Вардар филм 1962 ПРЕСМЕТКА (OBRAČUN), сценограф, игран, Авала филм

Филмографија:

1953: Кој е крив? ( Сценографија, )
1953: Пожар ( Сценографија, )
1954: Илинден 1903 ( Сценографија, )
1954: Македонски тутун II ( Сценографија, )
1955: Волча ноќ ( Сценографија, )
1955: Ритам и звук ( Сценографија, )
1957: Подарок од веселиот молер ( Сценографија, )
1957: Сонце зад решетки ( Сценографија, )
1959: Виза на злото ( Сценографија, )
1959: Дубровски ( Асистент на сценографија, )
1960: Давид, Голијат и петел ( Сценографија, )
1961: Мирно лето ( Сценографија, )
1961: Солунските атентатори ( Сценографија, )
1964: Под исто небо ( Сценографија, )
1971: Жед ( Сценографија, )