Производство: Вардар филм - Скопје
Земја на потекло: Република Македонија
Жанр: комедија
Род: Игран филм
Времетраење: 99 минути
Тип: Филмска лента
Техника: вајдскрин
Звук: Да
Во боја: црно-бел
MM: 35
Година: 1961
Содржина: Младиот научен работник Заре Мисевски и неговата сопруга Мира, костимограф во театар, живеат во изнајмена соба како потстанари, постојано изложени на вознемирувања и љубопитност на соседите. Во вакви околности, на Заре му се доделени клучевите на Етнографскиот музеј во Охрид, заради негово средување, што за семејството Мисевски значи бегство во оаза на мир и тишина, за време на трите летни месеци, колку што треба да престојуваат во Охрид. Сакајќи својата радост да ја споделат со пријателите, Заре и Мира, секој за себе, раскажуваат за добиената „премија“. Лето е, Заре и Мира се веќе во Охрид, во музејската зграда. Заре работи на својот проект, а Мира слика и се труди да не му пречи во работата. Но, проблемите почнуваат кога еден ден, на гости им доаѓа колешката на Мира, Дара Љубина, разочарана од неславниот крај на последната љубовна врска. Револтот на Заре сè уште не е стивнат, а во нивниот привремен дом доаѓа Нестор Гиевски, некогашен факултетски професор на Заре, кој патувајќи кон Атина, наминал кај нив на одмор. На новонастанатата ситуација Заре и Мира бргу се привикнуваат, но не за долго. Братот на Мира, со своето друштво, дошол на гости кај сестрата и зетот. Инвазијата на музејот продолжува. Во дворот на музејот стигнуваат стрикото и стрината на Заре и семејството Поп-Коцеви, кои имајќи проблеми со сместувањето, на покана на стрико Тале, дошле во музејот.
Ситуацијата во куќата веќе не може да се контролира, владее општ метеж. Сета оваа бркотница ќе се расчисти дури откако сопругата на Заре, изнервирана и лута, ќе побара мир во хотелот. Гостите конечно сфаќаат дека не можат повеќе да сметаат на толерантноста на домаќините и го напуштаат музејот. Мира се враќа дома, сè е мирно. Заре повторно ќе може на мир да работи, а Мира да слика. Но, не за долго, бидејќи новите гости веќе пристигнуваат...
Автори:
Други улоги:
Мира Олењина
Евица Чизмар
Слободан Чашуле
Гордана Попова
Ефка Микулиќ
Невена Теохарева
Марија Исаја
Други соработници:
диригент -- Драгутин Савин
маскер -- Ивица Бенчиќ
асистенти сниматели -- Васе Василевски
асистент сценограф -- Д. Вељановски
архитект -- Н. Кузмановиќ
шминкер -- М. Симончевиќ
секретар режисер -- Елза Џувалековска
волонтер на режија -- А. Алексов
водач на снимање -- Александар Кировски
Постер:

Фотографии: