< Назад

Јужна патека

Производство: Вардар филм - Скопје

Земја на потекло: Република Македонија

Жанр: слободна тема

Род: Игран филм

Времетраење: 108 минути

Тип: Филмска лента

Техника: вајдскрин

Звук: Да

Во боја: во боја

MM: 35

Година: 1982

Содржина: Во домот, во кој постојано се слушаат расправиите на мајката Неда и нејзината ќерка, се очекува пристигнувањето на синот Ѓорѓи, по завршувањето на постдипломските студии во друг град. Мајката, која нема големи приходи, принудена е да ја изнајмува едната соба од куќата на потстанари. Веднаш по пристигнувањето во домот, Ѓорѓи се соочува со новата потстанарка. На негово големо изненадување тоа е Ана, неговата поранешна девојка. Не можејќи да се снајде во неочекуваната ситуација, Ѓорѓи веднаш оди кај својот другар Данчо. Ја наоѓа само неговата сопруга која го известува дека нивниот брак се распаѓа. Потстанарката Ана работи во еден фотографски дуќан, но нејзините амбиции се многу поголеми. Таа се обидува преку познатите на Борис, нејзиното момче, да добие улога на филм. На закажаната средба со режисерот, таа и без пробно снимање ја добива главната женска улога во новиот филмски проект. Борис нема битно место во животот на Ана. Особено по повторната средба со Ѓорѓи, кон кој сè уште ја врзуваат старите емоции, Ана започнува да го одбегнува. Борис разумно го прифаќа нејзиното решение за раскинување. Средбите меѓу Ѓорѓи и Ана се исполнети со непријателство поради забелешките на Ѓорѓи за нејзиното поранешно однесување кон него. Поради тоа Ана бара сместување во друг стан. Се обидува да разговара уште еднаш со Ѓорѓи, но тој поради некогашните недоразбирања се однесува каприциозно. Сепак љубовта е посилна и тие двајцата заедно ја минуваат ноќта. Меѓутоа, веќе утредента, Ѓорѓи е изненаден поради селидбата на Ана. За нејзината постапка тој не наоѓа разбирање. Ана интензивно работи на снимањето на филмот, и добро се снаоѓа во својата улога. Сепак, таа постојано мисли на Ѓорѓи и се обидува да стапи во контакт со него. Во општата мешаница која е присутна на снимањето, таа не е во состојба да му ги соопшти вистинските чувства. Една вечер, кога вообичаено доцна Ѓорѓи се враќа дома, во својата соба ја наоѓа Ана. Тоа ветува нов почеток во нивната врска.

Автори:

Директор на филм: Мижимаков Панта
Директор на фотографија: Петковски Љубе
Костимографија: Дончева - Танчева Елена
Сценографија: Лазаревски Никола
Асистент снимател: Салковски Драган
Монтажа на тон: Паковски Глигор
Организатор на снимање: Тозија Горјан
Помошник на режија: Младеновиќ Зоран - Окан

Други улоги:

Славица Зафировска
Елизабета Илиева
Елизабета Кочовска
Раде Мадиќ
Соња Михајлова
Душица Стојановска
Димитар Станковски
Димитар Спасевски


Други соработници:

асистент тон снимател -- Диме Ангеловски
микроман -- Хазир Шеќировиќ
асистент монтажер -- Весна Шанданова
помошник директор -- Љубица Крстевска
водач на снимање -- Томе Моловски
шминкер -- Мирјана Петровиќ
фотограф -- Владимир Плавевски
гардеробер -- Споменка Видаковиќ
набавувач -- Драги Трајановски
асистент сценограф -- Владимир Бороевиќ
изведувач -- Звонко Крстевски
реквизитери -- Миле Стефков; Жарко Џипунов
светло -- Петар Богоевски; Добривоје Животиќ; Чедомир Блажиќ
фар -- Милорад Митровиќ
шарфер -- Слободан Стојков
асистент снимател -- Александар Прошев
секретар режисер -- Марија Ѓорѓевиќ

Постер:

Фотографии: