< Назад

Црвенковски Стево

Биографија: (Скопје, 18.03.1947 - Скопје, 04.02.2004) Филмски режисер. Дипломира филмска режија на Академијата за театар, филм, радио и телевизија во Белград, во 1973 година. Бил вработен во „Вардар филм“ каде што во одреден период е директор на оваа продуцентска куќа. Од осамостојувањето на Македонија како држава, активен е во политиката и носител на јавни и државнички функции, а бил и амбасадор на Република Македонија во Лондон.

Филмографија:

1977: Никола Мартиноски ( Режија, )
1977: Винојуг ( Режија, )
1982: Јужна патека ( Режија, Сценарио, )
1984: Нели ти реков ( Режија, )
1989: Оплакување Христово ( Режија, )