< Назад

Нели ти реков

Производство: Вардар филм - Скопје; Радио Телевизија Скопје

Земја на потекло: Република Македонија

Жанр: историски

Род: Игран филм

Времетраење: 97 минути

Тип: Филмска лента

Техника: стандард

Звук: Да

Во боја: во боја

MM: 35

Година: 1984

Содржина: По пропаста на Илинденското востание, повеќе разбиени чети продолжуваат да и даваат отпор на турската власт. Опасноста што им се заканува од турските потери е многу помала отколку онаа од врховистичките чети, кои потпомогнати од издајниците, без борба, ги убиваат македонските борци за слобода. Александар Турунџе доаѓа во селото во кое треба да се најде со својат дружина. Молкот во селото го предупредува на претпазливост. И навистина, во куќата во која треба да се најде со своите, ги наоѓа само убиените во ненадеен напад комити. Во исто време, војводата Ѓорѓија и неговата чета се прогонувани од Селим-ага. Комитите успеваат да се извлечат од обрачот на потерата. При повлекувањето низ шумата, тие ги наоѓаат мртвите тела на војводата Геро и неговата дружина, кои се убиени од про-бугарскиот врховистички предавник Грушир, кому сите комити му веруваат, не знаејќи дека тој работи за целите на врховистите. Четата на војводата Ѓорѓи се дели на две групи за да може полесно да го најдат Турунџе. Разговорот помеѓу комитите Јован и Марко, кои решаваат да одат во селото Шарлаганци, го прислушкува еден селанец и тој ги предава на турскиот аскер. При нападот, тие гинат заедно. Другата група се сретнува со војводата Турунџе, кој веќе нема своја чета. Нивниот јатак во селото Мршино им кажува дека е собрана триилјадна војска за да го фати Турунџе. Претпазливоста им наложува на комитите и на обајцата војводи да бидат во постојано движење. Така, минувајки низ шумата, тие ја слушаат песната, која на Селим-ага му ја пее еден негов војник. Тоа е песната која народот ја испеал за војводата Ѓорѓија и Селим-ага. Турските војници не го очекуваат нападот. Во борбата загинува Селим-ага. По овој судир со Турците, постојано во движење, Турунџе и останатите се сретнуваат со последните двајца комити од четата на Методија Патчев, кој заедно со свои седуммина комити одбрале херојски крај, не сакајќи да бидат заробени од аскерот. Една ноќ, комитите бараат засолниште кај Митре Гинков и тој ги задржува во својата куќа. Додека Турунџе и домаќинот Гинков играат табла, домаќинката ги предава на турските војници. Куќата ја опколува аскер. Во магливата ноќ секој од комитите одделно се обидува да се пробие од обрачот. Турунџе е фатен. Врзан го носат во селото. Народот го гледа прочуениот јунак, продаден за 150 жолтици. Војводата Ѓорѓија останува сам со уште двајца свои комити. Тој се враќа во татковиот дом. Еден од селаните му носи порака од Расим-бег, кој порачал дека утредента ќе дојде да го фати војводата. Ѓорѓија и неговите комити пораката ја примаат наполно мирно. Тие се изморени од бегање. Херојската смрт на овие тројца, кои тргнуваат во пресрет на пушките, останува во сеќавањето на народот.

Награди: 1984 ФЈИФ, Пула, Награда за најдобар плакат за Владимир Боројевиќ 1984 МФФ, Лос Ангелес, Трета награда за филмскиот плакат за Владимир Боројевиќ

Автори:


Други улоги:

Гоце Стефановски
Кате Иванова
Благоја Спасовски

Други соработници:

организатори на снимање -- Стојан Кошевалиски; Раде Ниотис
фар -- Мане Насков
сценска изведба -- Мирко Богоев
асистент сценограф -- Ставре Аврамовски
асистент снимател -- Ристо Попов
асистент тон снимател -- Драги Петровски
светло -- Андреја Бошковски
гардеробер -- Вангел Гошевски
шминкер -- Олга Дескова
пиротехника -- Здравко Смојвер
секретар режисер -- Каја Антина
асистент режисер -- Тихомир Бачовски
втор асистент на режија -- Гојко Шкариќ

Постер:

Фотографии: