Биографија: (Желин, Костурско, Егејска Македонија, 1939 - Скопје, 17.05.2023) Македонски сликар. Дипломирал на Академијата за применета уметност во Белград во 1964 година. Бил на студиски патувања во Будимпешта, Москва, Киев и Ленинград. Член е на ДЛУМ од 1967 година. Познавањето различни ликовни дисциплини, ќе го искористи во своите филмски и телевизиски сценографски решенија.
Бил професор на Факултетот за ликовни уметности во Скопје по предметот сценографија. Основоположник на професионалната сценографија која ја реализираше во текот на работниот век во Македонската радио телевизија.
Добитник е на повеќе награди за сликарство, меѓу кои и Гран при на ДЛУМ и Зимски салон (1992), како и наградата „11 Октомври“ (1998).
Филмографија:
1984:
Нели ти реков
(
Сценографија,
)
1992:
Време, живот
(
Сценографија,
)