< Назад

Време, живот

Производство: Носталгија филм - Скопје; Министерство за култура на Република Македонија; Македонска Телевизија

Земја на потекло: Република Македонија

Жанр: љубовна драма

Род: Игран филм

Времетраење: 77 минути

Тип: Филмска лента

Техника: вајдскрин

Звук: Да

Во боја: во боја

MM: 35

Година: 1992

Содржина: „Време, живот“ е филм кој е преадаптиран од телевизиската серија од три епизоди „Трето доба“, снимена во 1986 година. Уште оттогаш замислата била да се премонтира во игран филм и да се префрли на 35-милиметарска филмска лента, но поради материјално-техничките услови, оваа идеја не се остварила тогаш и чекала подобри времиња.
Во овој филм станува збор за животот на возрасни, витални луѓе, кои минуваат низ љубовни перопетии во т.н. „трето доба“ од животот, прикажано со блага нишка на хумор, и една лирска претпоставеност на карактерите.
Протагонистите на оваа филмска приказна се луѓе кои работат на филм - од актерите, преку филмските техничари, па сè до статистите - во текот на снимањето на филм. Животните приказни на овие филмски работници им се испреплетуваат со приказните на ликовите од филмот чие снимање е во тек. Со неколкуте перипетии во кои тие стари, но витални луѓе покажуваат една завидна енергија, инвентивност и желба за живот и љубов, во филмот - полека но сигурно, се кристализираат односите меѓу нив, за на крајот, повеќето од нив да си ги пронајдат своите животни сопатници - и во и вон филмот, заклучувајќи дека во ниедно време од животот не е доцна да се живее со полна сила и да се ужива во животот.
Тоше е вдовец и ѝ се додворува на Цветанка. Нивната љубовна романса ја попречуваат неговите другари. Тие на духовит начин му местат разни ситуации за да им ја растурат врската. Ѓоко сака да му ја превземе Цвета. Додека Тоше и Цвета се на состаноци, веселото друштво секогаш се појавува на истото место. Секогаш со нови, смислени ситуации од страна на протогонистите во оваа филмска приказна. Нивната желба за живот и љубов не престанува ниту за миг. На крај сите се задоволни и среќни од новите пријателства и љубови.
Самиот ефект на изместеното време и онаа патина што произлегува од „blow-up”-от од 16 на 35-милиметарска филмска лента, дава една романтична слика за луѓето и за годините кога добрината и луѓето не беа деградирани во цинизам и користољубие. Филмот така и завршува: секој со по нешто е во добивка: нова љубов, или пак возобновено пријателство... Но, затоа сите - со нов жар и нова енергија, го продолжуваат својот пат низ златната есен на нивните животи.

Автори:


Други улоги -- Видосава Грубач, Таска Балабанова, Светолик Никачевиќ

Фотографии: