< Назад

Среќна Нова ‘49

Производство: Вардар филм - Скопје; Македонија филм - Скопје; Градски кина - Скопје; Унион филм - Белград

Земја на потекло: Република Македонија

Жанр: психолошки

Род: Игран филм

Времетраење: 125 минути

Тип: Филмска лента

Техника: вајдскрин

Звук: Да

Во боја: во боја

MM: 35

Година: 1986

Содржина: Дејството на филмот започнува во јуни 1948 година. Група југословенски студенти, кои беа на школување во СССР, по несогласувањата меѓу двете земји се враќаат дома. Меѓу другите кои решиле да се вратат, се и Драгослав, неговата девојка Вера и блискиот пријател Градимир, кого раздвојувањето со СССР го доведува до низа внатрешни конфликтни ситуации, кои конечно кулминираат со чинот на неговото самоубиство на железничката станица во Суботица. Истрагата во врска со самоубиството започнува веднаш, и Драгослав, како негов пријател и сопатник, дава објаснување за мотивите на самоубиството. Семејството на Драгослав го очекува неговото враќање, дотолку повеќе што неговата мајка, тешко болна, е пред умирање. Таткото Стојан, по професија каменорезец, се грижи за егзистенцијата на семејството. Тука се уште и неговата сестра Нела во годините кога престанува да биде дете, и браќата, помалиот Коле и Коста, гимназијалец, кој пред матурата заминува од училиштето. Тој се занимава со црноберзијански работи. За него нема повеќе авторитети, како што нема ни непознаници во живеењето „на работ“. Драгослав дома ја доведува и Вера со која сака да се ожени. Првата средба на Драгослав и Коста завршува со тепачка поради желбата на постариот брат Коста да живее и да се однесува во согласност со нормите на граѓанскиот живот. Непосредно потоа Драгослав е одведен од ОЗНА. Тој е обвинет дека е советски агент и е задржан во истражниот затвор. Времето минува, мајката умира. Судбината на Драгослав е неизвесна, а Вера и понатаму живее во куќата на неговиот татко. Коста се обидува да му помогне на братот, но единствено што може да понуди се пасошите, купени со парите од продажбата на реткиот и скапоцен пеницилин. Коста доаѓа во конфликт со Бургер, криминалец, кому не му се допаѓа „инвентивноста“ на Коста во работите со кои се занимава и тој самиот. Кон крајот на летото, кога таткото ги носи Нела и Коле на село, Вера и Коста остануваат сами во куќата. Така, една вечер во куќата доаѓа Бургер со луѓето кои работаат за него. Нивната намера е физички да се пресметаат со Коста. Меѓутоа, Коста има пиштол и тешко го повредува Бургер во ногата. По ова останувањето на Вера во празната куќа е невозможно и Коста ја сместува во изнајмен стан. Тука, дотогаш недефинираните и забранети чувства во нивната ситуација, стануваат реалност и Вера не се враќа во куќата. Драгослав не е повеќе под обвинение. Од него се бара по излегувањето од затворот да соработува со органите на власта. Веќе е зима, тој се враќа дома, видно остарен и со безброј дилеми за сè она што се случуваше со него во времето на истрагата. Драгослав знае што се случи помеѓу Вера и неговиот брат Коста. Затоа го игнорира нејзиното присуство во градот, сè до оној момент кога Коста му соопштува дека Вера, всушност, била заврбувана од НКВД, уценета со судбината на нејзиниот брат во СССР. Дури тогаш Драгослав оди кај неа. Кај него преовладува презирот што го чувствува поради нејзиното „предавство“. За Вера нема повеќе надеж, сама е во својата пустош и се самоубива. Така и ја наоѓа Коста кога сиот претепан од Бургер и неговите доаѓа да и каже дека заминува. Така ја наоѓаат и агентите на ОЗНА дојдени по пријавата на Драгослав. Тој ја извршил својата граѓанска должност и стравотно го доживеа својот морален пад, по којшто животот повеќе нема смисла. Драгослав се самоубива во исто време кога неговиот брат Коста, барајќи го својот пат, под вагонот на железничката композиција, илегално ја минува границата.

Награди: 1986 ФЈИФ, Пула, Гран при, Голема златна арена за најдобар филм 1986 ФЈИФ, Пула, Златна арена за најдобро сценарио на Гордан Михиќ 1986 ФЈИФ, Пула, Златна арена за најдобра споредна машка улога на Душко Костовски 1986 ФЈИФ, Пула, Златна арена за најдобра музика на Љупчо Константинов 1986 ФЈИФ, Пула, Златна арена за најдобра маска на Радмила Иватовиќ 1986 ФЈИФ, Пула, Награда „Милтон Манаки“ од југословенската филмска критика за Столе Попов 1986 ФЈИФ, Пула, „Златен гладијатор“, награда на југословенската филмска академија за Столе Попов 1986 ФФ, Ниш, Гран при „Ќеле кула“ за најдобро актерско остварување за Мето Јовановски 1986 ФФ, Ниш, Голема повелба за женска улога на Владица Милосављевиќ 1986 ФФ, Ниш, Повелба за машка улога на Светозар Цветковиќ 1986 ФФ, Ниш, Најдобар актер натуршчик за Кире Симоновски 1986 ФФ, Врњачка бања, Голем златен дукат за најдобро сценарио за Гордан Михиќ 1986 ФФ, Врњачка бања, „Златник“ за актерот Ацо Ѓорчев 1986 ФФ „Милтон Манаки“, Битола, Златна плакета „Милтон Манаки“ за Мишо Самоиловски 1986 ФФ, Младеновац, Златна плакета за сценографија за Никола Лазаревски 1986 ФФ, Младеновац, Сребрена плакета за костими за Јасминка Јешиќ 1986 ФФ, Младеновац, Бронзена плакета за музика за Љупчо Константинов 1986 Годишна награда „Златна клапа” од ревијата „ТВ Новости“ за Мето Јовановски 1986 Југословенски кандидат за Оскар 1986 Повелба на културата на Македонија 1987 13 Ноемвриска награда за Столе Попов 1991 МФФ, Порто Алегре (Бразил), Прва награда од публиката

Автори:


Други улоги:

Љупчо Хаџистојанов
Иван Беќарев
Ратко Танкосиќ
Јани Мушу
Каљопи Буклевска
Драгољуб Војнов
Боби Недевски
Раде Рогожаров
Мирослав Михајловски
Димитрие Спасовски
Кица Ивковска
Ратко Радивојевиќ
Михајло Јевтиќ
Душица Јевтиќ
Киро Божиновски
Страшо Милошевски
Љиљана Јовановски

Други соработници:

музиката ја изведува -- Гудачки оркестар при оркестарот на Македонската филхармонија; Членови на Танцовиот оркестар на РТВ Скопје
тон мајстор -- Атанас Панајотовски
музички продуцент -- Илија Пејовски
диригент -- Љупчо Константинов
соработници -- Слободан Леман Голубовиќ; Тихомир Бачовски; Морен Петров; Марија Ѓорѓевиќ; Радмила Иватовиќ; Евдокија Нанчева; Даница Ракочевиќ; Владимир Самоиловски; Александар Прошев; Душан Јовановски; Љубица Крстевска; Томе Моловски; Благоја Ангеловски; Владимир Камберски; Душан Марковиќ; Немања Петровиќ; Жарко Џипунов; Живан Влајиќ; Делија Анѓелковиќ; Коста Јаневски; Софија Макриевска; Милован Гаѓански; Радиша Милојевиќ; Цветан Смилевски; Жаклина Крстевска; Живка Мушицки; Мома Мрдаковиќ

Постер:

Фотографии:

Награди: