Биографија: (Неготино, 19.11.1933 - Скопје, 26.06.1993) Театарски, филмски и телевизиски актер.
Александар Ѓорчев имаше завршено Театарска акдемија во Белград и Филозофски факултет во Скопје. Со професионална актерска дејност почнал да се занимава во 1954 г., како член на радио-драмата на Радио Скопје. По кратко време поминато во родниот град работејќи со неготинските аматери, кариерата ја продолжува во Народниот театар во Куманово, каде што покрај актерство се занимавал и со режија. Настапувал и на сцената на Македонскиот народен театар. Член на Драмскиот театар станал во 1969 г. Се занимавал и со преведувачка дејност. Неколкупати е наградуван на театарските игри „Војдан Чернодрински“ во Прилеп. Добитник е и на неколку други високи признанија, „Златен ловоров венец“ на Фестивалот на малите и експериментални сцени, Републичката награда „11 Октомври“ и Наградата на град Скопје „13 Ноември“.
Награди: 1986 Фестивал на филмско сценарио, Врњачка бања, Златник / „Среќна нова '49“.
Филмови: 1985 ТАТКО НА СЛУЖБЕН ПАТ (OTAC NA SLUŽBENOM PUTU), актер, игран, РО ФОРУМ Сараево, Сутјеска филм Сараево, Кинема Сараево и Унион филм Белград
Филмографија:
1971:
Жед
(
Споредна улога,
)
1986:
Среќна Нова ‘49
(
Главна улога,
)