< Назад

Дрнков Благоја

Биографија: (Скопје, 1914 - Скопје, 31.01.2012)
Доајен на македонската документаристика и неприкосновен уметник во фотографското мајсторство.
Уште како ученик започнува да се занимава со фотографирање. По завршување на средното образование, се вработува во фотографскиот дуќан „Фотоаматер“, кога и ја купува својата прва филмска 9,5 мм камера и сопствен кинопроектор, а од 1940 година станува сопственик на „Фотоаматер“. Во 1935 г. го прави својот прв филм. Во 1945 година е именуван за прв директор на Филмската дирекција на Македонија ФИДИМА и прв дописник на Филмски новости од Македонија. Во овој период има снимено голем број филмски записи за животот на неговото семејство како и филмски записи значајни по својата општествено-историска вредност. Седум месеци во текот на 1947/48 година, Дрнков престојува во Чехословачка, каде што специјализира во студијата „Барандов“. Во „Вардар филм“ работи до 1953 година, а потоа преминува во Етнолошкиот музеј како фотограф, снимател и режисер на етнолошки филмови. Од 1957 до 1960 година повторно работи во „Вардар филм“. Од 1960 до 1964 е фотограф и снимател во Извршниот совет, а од 1964 до пензионирањето во 1969 г. е режисер во Телевизија Скопје на документарни филмови и телевизиски серии. Добитник е на повеќе награди и признанија, меѓу кои: награди на Телевизискиот фестивал во Блед за телевизиските серии ПРСТИ /посветена на старите занаети/ и СВИЛЕНА БУБА, републичката награда 11 Октомври за животно дело (1994).


Награди: 1950 Одликување со Указ на Владата на НРМ / „Радосно детство“ 1950 Медал на трудот, од Президиумот на Народното Собрание на ФНРЈ 1965 Специјално признание од Филмските новости по повод 20 години постоење 1973 Орден на трудот со златен венец со Указ на Претседателот на СФРЈ 1994 Награда за 11 Октомври за животно дело

Филмови: 1956 ПЕТТИ ПАРТИЗАНСКИ ИГРИ ВО МАКЕДОНИЈА, ко-снимател, документарен, Зора филм Загреб

Филмографија:

1935: Борба со петли ( Снимател, )
1935: Католичка процесија ( Снимател, )
1938: Свадбата на Ферчо Стојанов и Вера Глигорова ( Снимател, )
1939: Едриличарски митинг ( Снимател, )
1939: Бомбардирана Битола ( Снимател, )
1942: Воен коњички натпревар ( Снимател, )
1942: Фудбалски натпревар меѓу „Левски“ и „Македонија“ ( Снимател, )
1945: Свечено пуштање во употреба на железниот мост во Скопје ( Снимател, )
1945: 48 - ма дивизија ( Снимател, )
1945: Пречекот на Димитар Влахов во Куманово и Скопје ( Снимател, )
1945: Второто заседание на АСНОМ ( Снимател, )
1945: Првомајска парада во Скопје 1945 ( Снимател, )
1947: Во избори за нови победи ( Снимател, )
1947: Филмски прeглед бр. 1 ( Снимател, )
1948: Филмски преглед бр. 3 ( Снимател, )
1948: Филмски преглед бр. 6 ( Снимател, )
1948: Филмски преглед бр. 7 ( Снимател, )
1948: Пред октомвриските фестивали 1948 ( Режија, Снимател, Сценарио, )
1948: Идните чувари на народното здравје ( Режија, )
1949: 11 Октомври ( Режија, Сценарио, )
1949: Филмски преглед бр. 14 ( Снимател, )
1949: Филмски преглед бр. 15 ( Снимател, )
1950: Радосно детство ( Режија, )
1951: Маврово се гради ( Режија, )
1952: Со бродот „Македонија“ од Ријека до Њујорк ( Режија, Сценарио, )
1953: Нашински разговори ( Режија, Сценарио, )
1956: Ѓурѓовденски обичаи од Скопско ( Режија, Снимател, )
1957: Низ индустриските објекти во Македонија ( Режија, )
1957: Земјоделие ( Режија, )
1959: Препородени полиња ( Режија, )
1959: Автопатот Братство-Единство (делница Неготино - Демир Капија) ( Режија, )
1959: Бели штркови ( Режија, Сценарио, )
1961: Изморениот патник ( Режија, )
1961: Последни патувања ( Режија, )